Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на нова црква во Дебарско-кичевската епархија (07.08.2005)

 

 

 

Во неделата, на 7 август 2005 год., на денот кога Црквата Божја ги празнува Успението на Света Ана, Преподобна Еврпаксија и Светата ѓакониса Олимпијада, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г.Тимотеј со свештенослужителите од епархијата во Кичевското архиерејско намесништво изврши осветување на нова црква во с. Орланци посветена на Светата великомаченичка Недела. На Светата Литургија Владиката му се обрати на присутниот верен народ со празнично слово.