Недела на простувањето во Струмица (17.03.2024 20:24)
Денес, во Неделата на простувањето кога Црквата си спомнува за Адамовото изгонување од рајот, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во сослужение на викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и свештенството и монаштвото на Струмичката Православна Епархија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.