Божествена Литургија во Водоча на Иванден (07.07.2024 18:54)
Денес, на празникот Раѓање на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј Струмички“ во Водоча. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На предлог на Митрополитот Струмички г. Наум, САС на МПЦ – ОА го одликува протоерејот о. Константин (Митев) со право на носење граден крст. Согласно оваа одлука викарниот Епископ Стобиски г. Јаков на Литургијата, дарувајќи му граден крст, зборуваше за посветеноста во служењето на Црквата на о. Константин и усрдноста во носењето на Крстот Христов.