Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Амбасадата на Руската Федерација (10.12.2008)

На 09. 12. 2008 година, во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, по повод упокојувањето на поглаварот на Руската Православна Црква, патријархот Алексeј II,  беше отворена книга на жалост, во која меѓу другите се запишаа Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски и Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан, кој меѓу другото запиша: „Блаженоупокоениот првоерарх на сестринската Руска Црква, ќе остане забележан како архиереј кој успеа да го возобнови и обедини руското православие, човек - борец за чистотата и мирот во Православието и Црквата Христова... Ние, Македонската Православна Црква, во неговата личност имавме вистински пријател и толкувач на нашето заслужено место во сеправославната заедница. Бог да го прости и неговата душа нека ја насели меѓу праведниците.“

 

         

 

                            

 

Известува: Калина Трпеска