Амбасадата на Руската Федерација во Скопје приреди свечен прием (14.06.2009)
По повод 12 јуни - Националниот празник на Руската Федерација, Неговата Екселенција Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Владимир Солоцински во Скопје приреди свечен прием. Почитувањето на македонскиот народ во духот на искреното пријателство и разбирање кон рускиот народ и руската држава, на приемот го искажаа Претседателот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски, Министерот за надворешни работо во Владата г. Антонио Милошоски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Струмички г. Наум, претставници на дипломатскиот кор и бројни личности од општесвениот и јавниот живот на Р. Македонија.
Известува: Калина Трпеска