Чествување на Светиот Николај, патрон и заштитник на градот Штип (19.12.2009)
На 19. 12. 2008 година на празникот на Светиот Ниолај Чудотворец - архиепископ на Ликискиот град Мир, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, кој е патрон и заштитник на градот Штип, Неговото Блаженство Архиепископот Охридки и Македонски г. г. Стефан задно со Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Арсениј од Струмичката епархија како и игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин и повеќе свештонослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија.
По Светата Литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитите, свештенослужителите и многубројниот народ, изврши Литија од соборниот храм на Св. Николај до градскиот плоштад каде Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го благослови и пресече славскиот колач по што и произнесе празнична беседа. По ова за православните верници беше организирана културно естрадна забава.
Исто така Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и Архиереите беа примени во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип г. Зоранчо Алексов, бидејќи тој и Советот на Општина Штип, беа организатори и покровители по повод торжественото чествување на празникот на Светиот Николај како заштитник и патрон на градот Штип и по таа пригода приготвија трпеза на љубовта во универзитетскиот ресторан „Гоце Делчев“ во Штип.
Известува: протоѓакон Саше Ристов