Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан приреди Божикен прием (09.01.2016 12:08)

На 8 јануари 2016 година, по повод Божикните празници, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на архиереите на Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Кумановско- осоговски г. Јосиф, Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф, во салата при Архиепископскиот соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје приреди традиционален празничен прием за претставниците на општествено-политичкиот живот. На приемот присуствуваа претседателот на Владата Република Македонија г. Никола Груевски со сопругата, министерот за одбрана г. Зоран Јолевски и министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, лидерот на СДСМ, г. Зоран Заев, претставници на дипломатскиот кор, како и голем број значајни јавни личности од културата и бизнис елитата.

Извор: Преминпортал