Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Јорданските парламентарци бараат симнување на патријархот (24.03.2005)

АМАН (АП) – Вчера јорданските законодавци ја повикаа Владата да го расчини ерусалимскиот грчки православен патријарх и на истиот да му се суди под обвинение за извршена продажба на црковен имот во Светиот Град на еврејска организација.

Објавени, обвинувањата за таква продажба поттикнаа протести меѓу палестинските припадници на Црквата, кои го обвинуваат грчкиот врв за предавство на палестинската кауза. Бројни еврејски организации сакаат да купат имоти во арапските делови на Ерусалим за да ги зајакнат позициите на Израел таму.

Во петиција потпишана од мнозинството членови на јорданскиот Долен дом на Парламентот се обвинува патријархот Иринеј, од грчка националност, за „пренебрегнување и негрижа“ и прекршување на јорданскиот закон од 1958 година со кој се забранува продажба на црковен имот во Ерусалим.

Јордан владееше со источен Ерусалим заедно со Западниот Брег 17 години, сѐ до окупацијата на овие територии од страна на Израел со војната од 1967 година. Оттогаш Израел го има припоено источен Ерусалим, којшто Палестинците го сметаат за главен град на својата идна држава. „Никој нема право да дејствува независно со црковниот имот. Ова е флагрантна повреда на имот што им припаѓа на православните луѓе“, рече јорданскиот законодавец Махмуд ал-Карабшех.

(Палестинските парламентарци во вторникот донесоа одлука со која ја повикаа палестинската власт повеќе да не ја признава власта на Патријаршијата над Православната Арапска заедница.)

Израелскиот дневен весник „Маарив“ во петокот извести дека Црквата продала земјиште, вклучувајќи два хотели, во оградениот со бедеми Стар Град на Ерусалим, на еврејски групи коишто работат врз зајакнување на еврејското присуство во областа.

 

информацијата е преземена од грчкиот дневен весник Катимерини:

http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_politics_100008_24/03/2005_54409