Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Според Уставот на Патријаршијата и Јорданскиот закон од 1958, се очекува почеток на процедурите за избор на нов Ерусалимски Патријарх (11.05.2005)

 

Според известувањата на медиумите, развојот на настаните околу кризата во Ерусалимската Патријаршија бележи новост дека Патријархот Иринеј е формално отстранет од Ерусалимската Столица.

 

Одлуката на Јорданскиот кабинет со ваква сдоржина што е веќе пратена до Палатата ќе биде ратификувана од Кралот Абдулах во недела, 15 мај. Палестинската одлука исто така ќе биде ратификувана во недела.

 

Кабинетот на палестинските власти, кој претходно се состана под претседателство на Ахмед Кори, исто така одлучи да го отповика Иринеј од патријаршиската функција. Сега преостанува палестинската одлука да ја ратификува претседателот Махмуд Абас.

 

Следствено овие случувања, а и според Уставот на Патријаршијата и на Јорданскиот закон од 1958, треба да започнат процедурите за избор на нов Патријарх.

 

Меѓутоа, претходно започна цел маратон советувања по откритијата на тричлениот експертски одбор на палестинските власти којшто го ослободи патријархот Иринеј од обвиненијата за долгорочно издавање под наем на патријаршиски имоти.

 

Според дописникот на NET, Панос Харитос, г. Иринеј нема намера да поднесе оставка.

 

Портпаролот на Грчката Влада, Тодорос Русопулос, го повика патријархот Иринеј да постапи согласно ситуацијата.

 

Истовремено, грчкиот заменик министер за надворешни работи, П. Сканадалакис, одржа последнователни состаноци со вршителот на должност амбасадор на палестинските власти, Исмат Шабри, и со јорданскиот амбасадор во Атина.

 

Според палестински дипломатски извори, Атина и палестинските власти се договориле како да се справат со кризата и веруваат дека ситуацијата ќе се смири во рок од неколку дена.

 

Грчката Православна Црква остана без официјални изјави. Според NET, Архиепископот Христодул контактирал со Ерусалим и Митрополитот Кесариски Василиј накратко го известил г. Христодил за последните случувања.

 

Според неговите соработници, пак, архиепископот Христодул ќе ги прифати ставовите на Грчката Влада и на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. 

 

информацијата е преземена од грчкиот медиум ERT: http://news.ert.gr/newsDetails.asp?ID=134158