Православен календар
 

Православен календар 2018

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

ДНСт.Календар за претходниот месец   Април 30 дена - Тревен   Календар за следниот месец            
Цветници; глас 2
Евангелие: Јован 12:1,12:18; Апостол: Филип. 4:4,4:9;
Н119Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив; Светиот маченик Панхариј;
П220Преподобниот маченик Јован и другите со него; Светата маченичка Фотина;
В321Свети Јаков, епископ и Исповедник; Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија; Свети Тома, патријарх Цариградски; Преподобен Серапион;
С422Светиот свештеномаченик Василиј; Света Дросида; Преподобниот маченик Ефтимиј;
Ч523Велик четврток; Светиот свештеномаченик Никон; Преподобен Никон Печерски;
П624Велик петок; Свети Артемон, епископ Селевкиски; Преподобен Јаков Исповедник; Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски; Спомен на чудото во Печерскиот манастир; Преподобен Захарија;
С725Велика Сабота; Благовештение; Светите маченички Пелагија, Теодосија и Дула; Преподобен Сава Нов Атински ;
Светла Седмица;
Евангелие: Јован 1:1,1:17; Апостол: Дела 1:1,1:8;
Н826Воскресение Христово; Светиот Архангел Гавриил; Светиот свештеномаченик Иринеј, епископ Сремски; Преподобен Малх; Преподобен Василиј Нови;
П927Воскресение Христово (втор ден); Светата маченичка Матрона; Преподобен Јован Проѕорлив; Преподобен Пафнутиј; Света Лидија Македонска;
В1028Воскресение Христово (трет ден); Преподобниот маченик Евстратиј Печерски; Преподобен Иларион Нови; Преподобен Исихиј Ерусалимски; Чудесниот настан со Таксиот, војник од Картагена;
С1129Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија); Преподобен Јован Пустиник;
Ч1230Преподобен Јован Лествичник; Спомен на монахот којшто радосно умре зашто никогаш во животот не осуди никого;
П1331Источен петок – Балаклија; Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски; Свети Јона, митрополит Московски; Светиот свештеномаченик Авда; Преподобен Аполониј;
С141Света Марија Египетска; Свети Мелитон, епископ Сардиски; Преподобен Прокопиј Чех;
Недела на св. ап. Тома; глас 1
Евангелие: Јован 20:19,20:31; Апостол: Дела 5:12,5:20;
Н152Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;
П163Свети Никита Исповедник; Свети Павле Неволник; Светиот маченик Улпијан;
В174Преподобен Јосиф Песнописец; Светата маченичка Фервута и нејзината сестра вдовица и нивната робинка; Преподобен Зосим; Преподобниот маченик Никита;
С185Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески;
Ч196+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија;
П207Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;
С218Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; Свети Нифонт, епископ Новгородски; Свети Келестин, папа Римски;
Недела на жените мироносици; глас 2
Евангелие: Марко 15:43,15:47;16:1,16:8; Апостол: Дела 6:1,6:7;
Н229Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим; Света Тамара Грузиска ;
П2310Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија;
В2411Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;
С2512Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;
Ч2613Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;
П2714Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;
С2815Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;
Недела на раслабениот; глас 3
Евангелие: Јован 5:1,5:15; Апостол: Дела 9:32,9:42;
Н2916Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина; Светиот маченик Леонид и маченичките Хариеса, Никија, Галина, Калида, Нунехија, Василиса и Теодора;
П3017Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски; Свети Акакиј епископ Мелитински; Свети Агапит папа Римски; Преподобните Саватиј и Зосим; +Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски;